Корисничко име Лозинка Пријави се
09.2.2017

Монтела: Победата со деветмина позначајна од трите бода

Винченцо Монтела, тренерот на Милан, изјави дека е воодушевен по победата на неговиот тим во Болоња со деветмина играчи.

„Росонерите“ уште во првото полувреме останаа без исклучениот Палете, а во 59-тата минута надвор од игра мораше да излезе и Куцка. И покрај тоа, со голот на Марио Пашалиќ во финишот Милан дојде до исклучително важни бодови во борбата за местото кое следната сезона води во Европа.
„Тешко е да се скријат чувствата по ваква игра. Ова е неверојатна победа и значи многу повеќе од трите бода. Таа докажува дека нашиот тим има душа“, изјави презадоволен Монтела по дванаесеттиот триумф во Серија А.
„Екипата во текот на сезоната имаше многу подеми и падови, но наш главен проблем беа повредите и глупавите порази“, додаде тренерот на Милан.
Монтела изјави и што им рекол на играчите на полувремето на натпреварот во Болоња.
„Им реков дека овој натпревар треба да биде пресвртница за нас. Сум видел во кариерата екипа да победи со десетмина играчи, но триумф со деветмина фудбалери е баш необично“, изјави Монтела.

Најнови вести