Корисничко име Лозинка Пријави се
19.8.2015

Дестро на крајот во Болоња

Италијанскиот центарфор Матија Дестро изјави дека кариерата ќе ја продолжи во Болоња.

Последните неколку седмици во италијанските медиуми имаше многу шпекулации за тоа каде ќе ја продолжи кариерата играчот на Рома. Наводно, за него беше заинтересиран и англискиот Норвич, како и Милан, за којшто играше на заем минатата сезона, но тој со постот на „Твитер“ стави точка на сите тие шпекулации.
„Од денес почнува мојата нова авантура во Болоња. Ќе дадам сè од себе да ја оправдам вашата вера во мене. Доаѓам“, изјави Дестро на својот профил на „Твитер“.
Ниту Рома ниту Болоња сè уште не го потврдиле овој трансфер.
Според наводите на италијанските медиуми, Болоња за италијанскиот напаѓач на Рома ќе плати малку помалку од десет милиони евра.
Дестро во првата половина на минатата сезона за Рома одигра 16 натпревари и постигна шест голови во Серија А, а потоа отиде на заем во Милан, каде што беше стрелец на три гола во 16 натпревари.

Најнови вести