Корисничко име Лозинка Пријави се
17.2.2016

Јувентус во проблем, Сандро се повреди

Фудбалерот на Јувентус Алекс Сандро го напушти вчерашниот тренинг поради проблеми со мускулите, соопшти италијанскиот клуб.

Повеќе за неговата повреда ќе биде познато денес, кога бразилскиот лев бек ќе ги помине дополнителните лекарски прегледи.
Јувентус има многу проблеми со повредите оваа сезона, тимот од Торино веќе подолго време е без Марио Манџукиќ, Квадво Асамоа и Џорџо Кјелини, а проблемите со повреди има и Леонардо Бонучи.
Јувентус во петок ќе игра против Болоња во Серија А, а потоа во вторник ќе игра со Баерн Минхен во првиот натпревар во осминафиналето во Лигата на шампионите.

Најнови вести