Корисничко име Лозинка Пријави се
22.2.2013

Роси продолжува со Сампдорија до 2015 година

Според италијанските медиуми италијанскиот стручњак Делио Роси ги уверил челниците на калчолигашот Сампдорија дека е вистинскиот човек за клупата на клубот.

Роси ја презема Сампдорија во декември минатата година, кога клубот реши да ја прекина соработката со поранешниот тренер на младинскиот тим на Јувентус, Чиро Ферара. Роси на осум натпревари освои 12 бодови со што тимот побегна од зоната за испаѓање.
На споменатите осум натпревари, Сампдорија забележа две многу важни победи против Рома и актуелниот шампион и лидер, Јувентус.
Кога дојде во клубот, педесет и тригодишниот тренер потпиша договор до крајот на сезоната, со опција за продолжување на уште една додатна. Но се чини дека двете страни се договориле да направат нов договор со важност до 2015 година, тврдат италијанските медиуми.

Најнови вести