Корисничко име Лозинка Пријави се
10.11.2015

Монтела ја презема Сампдорија

Фудбалскиот клуб Сампдорија постигна договор со Винченцо Монтела за преземање на местото шеф на стручниот штаб, пренесува „Скај Италија“.

Во извештајот се наведува дека поранешниот италијански репрезентативец ќе потпише договор до летото 2017 година, а на клупата на клубот од Џенова ќе го замени Валтер Зенга.
Единствена пречка може за Монтела може да биде неговиот поранешен клуб Фиорентина, која и понатаму го исплаќа согласно со договорот, без оглед на отказот во август, додека пак за раскинување на договорот мора да му исплати сума од четири милиони евра.
Наместо 41-годишниот Монтела, Фиорентина летово го ангажираше Португалецот Паоло Соуса.
Екипата на Сампдорија, која во неделата на домашен терен беше поразена од Фиорентина со 2-0, моментално го зазема десеттото место на табелата на групата Серија А, со 16 поени од 12 натпревари. 

Најнови вести