Корисничко име Лозинка Пријави се
17.12.2015

Михајловиќ не се плаши од отказ

Тренерот на Милан, Синиша Михајловиќ, изјави дека не се грижи за својата смена и дека има целосна доверба во својата работа.

Италијанските медиуми пренесуваат дека српскиот стручњак сигурно ќе добие отказ ако испадне од Купот на Италија од Сампдорија, како и дека на негово место може привремено да седнат Мауро Тасоти и Кристијан Броки.
„Мирен сум и имам целосна доверба во својата работа. Нема потреба за паника, имам широки рамена. Не знам што мисли Берлускони и што има кажано, но не сакам да коментирам“, изјави Михајловиќ на конференцијата за медиумите пред натпреварот против неговиот поранешен клуб.
Михајловиќ додаде дека на „росонерите“ им недостасуваше среќа и на претходните натпревари.
„Заслуживме да ги победиме Карпи и Верона, со тие четири бодови ќе бевме на чекор од местото кое води во Лигата на шампионите. Знаеме кои сегменти мораме да ги подобриме и веруваме во успешна сезона“, заклучи некогашниот селектор на Србија.
Фудбалерите на Милан вечер во 21 часот ѝ гостуваат на Сампдорија во осминафиналето во Купот на Италија.

Најнови вести