Корисничко име Лозинка Пријави се
18.12.2012

Роси на местото на Ферара на клупата на Сампдорија

Делио Роси, 52-годишниот италијански стручњак, е новиот тренер на Сампдорија. Неговиот претходник Чиро Ферара, поранешниот играч на Јувентус, вчера доби отказ.

Ферара на клупата на Сампдорија издржа само пет месеци. Екипата од Џенова добро тргна во првенството, со три победи и две ремија, но потоа имаше седум последователни порази. Се чинеше дека се извлече од кризата кога потоа освои седум од можни девет бодови, но следуваа нови два порази. По неделниот, во гости кај Катанија 3-1, управата на клубот се одлучи за промена на клупата, па го ангажира Делио Роси, тренерот кој смени голем број клубови во кариерата.
Од 2005 до 2009 година го водеше Лацио, со кого го освои и својот единствен трофеј во кариерата – Купот на Италија во сезоната 2008/09. Потоа ги водеше Палермо и Фиорентина од каде беше отпуштен откако се степа со српскиот интернационалец Адем Љајиќ.
Сампдорија моментно се наоѓа на 14-тото место на табелата на Серија А.

Најнови вести