Корисничко име Лозинка Пријави се
11.6.2012

Монтела официјално на клупата на Фиорентина

Поранешниот италијански репрезентативец Винченцо Монтела и официјално е именуван за нов тренер на Фиорентина.

Популарниот Аеропланино потпиша двегодишен договор со „виолетовите“ од Фиренца.
Тосканскиот клуб беше во потрага по нов тренер уште од мај, кога беше откажана соработката со Делио Роси поради физички напад над фудбалерот Адем Љајиќ.
На триесет и седумгодишниот поранешен фудбалер на Рома Фиорентина ќе му биде трет клуб во својата кратка кариера. Претходно привремено ја предводеше „волчицата“, додека со Катанија минатата сезона успеа да го освои единаесеттото место во Серија А.

Најнови вести