Корисничко име Лозинка Пријави се
12.11.2013

Сампдорија му даде отказ на Роси

По низата слаби резултати, во италијанскиот фудбалски прволигаш Сампдорија одлучија да го сменат тренерот Делио Роси (52).

Одлуката е донесена по седумчасовниот состанок во клубот, а како најверојатни наследници на Роси се споменуваат Синиша Михајловиќ и Зденек Земан.
Сампдорија во неделата изгуби со 2-1 на гостувањето кај Фиорентина во 12-тото коло на Серија А, а тоа ѝ беше трет последователен и вкупно дури седми пораз оваа сезона. Клубот моментно се наоѓа во зоната за испаѓање на 18-тото место само со девет освоени бодови.
Привремено екипата на Сампдорија ќе ја преземе тренерот на младинскиот погон Франческо Педоне.

Најнови вести