Корисничко име Лозинка Пријави се
22.10.2015

На Адеми му се заканува суспензија од четири години

Македонскиот фудбалер Аријан Адеми беше позитивен и на повторениот тест за допинг, соопшти Динамо од Загреб.

Играчот за врска на Динамо беше позитивен на допинг-тестот на урината по неочекуваната победа на „модрите“ над Арсенал во првото коло од Лигата на шампионите.
Тој веднаш беше суспендиран, а откако му е позитивен и примерокот Б, може да очекува ригорозна казна од Дисциплинската комисија на УЕФА, дури до четири години.
Хрватските медиуми пренесуваат дека не е јасно на што е позитивен македонскиот фудбалер и дека веројатно несвесно користел некоја забранета супстанција, веројатно како додаток на исхраната.
Се истакнува дека тоа е силен удар за Динамо, пред сè поради тоа што се очекуваше да направи добар трансфер во западна Европа во јануарскиот преоден рок.

Најнови вести