Корисничко име Лозинка Пријави се
31.3.2015

Тевес: Пресреќен што играм за Аргентина

Аргентинскиот фудбалер Карлос Тевес е пресреќен што по четири години почна репрезентативен натпревар во првиот тим.

Тевес беше во стартната постава на Аргентина, која во саботата го победи Салвадор со 2-0.
„Бев пресреќен. Играњето од почеток е сосема поинакво од влегувањето од клупата. Дефинитивно добивате многу повеќе самодоверба“, изјави центарфорот на Јувентус.
Аргентина го победи Салвадор во пријателскиот натпревар во Вашингтон, а Тевес изјави дека тој натпревар може да биде многу корисен за „гаучосите“.
„Овој натпревар може да биде корисен за тимот бидејќи многу наши потенцијални противници на Копа Америка играат така затворено. Затоа ви е потребно трпение да постигнете гол, а ние сме на вистинскиот пат. Мораме да продолжиме да работиме, но ова е само почеток. Мене ми е важно повеќе да играм за репрезентацијата“, додаде Тевес.

Најнови вести