Корисничко име Лозинка Пријави се
19.3.2015

Алегри: Преубава ноќ за Јувентус

Масимилијано Алегри, тренерот на Јувентус, изјави дека е презадоволен со победата против Борусија во Лигата на шампионите, нарекувајќи ја ноќта во Дортмунд преубава за италијанскиот фудбал.

„Бјанконерите“ по триумфот во Торино (2-1), одиграа одличен натпревар на „Сигнал Идуна парк“ (3-0) и предводени од Карлос Тевес, се пласираа во четврт-финалето.
„Ова беше преубава ноќ, но не смееме да застанеме, туку мораме да продолжиме да гледаме само напред и да ја почекаме ждрепката. Вечерашниот резултат е резултат на тешката работа која заедно ја вложивме“, изјави Алегри.
Во четврт-финалето, покрај „старата дама“, се пласираа и: Порто, Реал Мадрид, ПСЖ, Баерн Минхен, Монако, Барселона и Атлетико Мадрид, а паровите ќе бидат одредени утре попладне на ждрепката во Нион.
„Но, во меѓувреме, морам да истакнам дека одигравме добар натпревар и дека сум многу среќен. Посебно добро игравме во второто полувреме. Одлични сме и технички и тактички. Имаме извонреден тим и Карлос Тевес (два гола и асистенција) во шпицот – кој е играч со врвен квалитет“, додаде тренерот на Јувентус.
„Сега ни преостанува да почекаме и да видиме што ќе биде на ждрепката, но покажавме како и на кој начин играме. Го заслуживме овој резултат, но, повторувам, не смееме да застанеме, мораме да гледаме напред“, изјави Алегри.

Најнови вести