14.9.2011 Лотоматика го повикува Џинобили
Аргентинскиот кошаркар Емануел Џинобили за време на локаутот во НБА-лигата би можело да се пресели во римската Лотоматика, пренесуваат италијанските медиуми.
Сопственикот на клубот од „вечниот град“, Клаудио Сабатини, рече дека со
ангажирањето на Крис Даглас Робертс завршен е пазарот, но дека би можел да
направи исклучок и да ја ангажира ѕвездата на Сан Антонио, и тоа само додека
трае штрајкот во најсилната лига во светот.
Италијанскиот клуб е во преговори со агентот на аргентинскиот
репрезентативец, кој пред заминувањето во НБА играше за Виртус Болоња.