Корисничко име Лозинка Пријави се
03.1.2012

Долга пауза за Џинобили

Ману Џинобили, еден од најдобрите играчи на Сан Антонио, се здоби со фрактура на левата дланка во дуелот против Минесота.

„Мамузите“ соопштија дека врз Џинобили денес ќе бидат извршени медицински прегледи од тимските доктори, но и дека сè уште не знаат за колку време тој ќе се врати на паркетот.
Според првите неофицијални прогнози, се очекува да отсуствува повеќе седмици бидејќи во прашање е левата рака, со која тој шутира.
Аргентинецот со повредата се здоби во дуелот со Ентони Толивер при крајот на втората четвртина по што побара помош од докторите.
Џинобили веднаш беше однесен да направи рендгенска снимка, која потврди дека му е скршена петтата метакарпална коска, која се наоѓа веднаш под малиот прст.

Најнови вести