Корисничко име Лозинка Пријави се
26.7.2012

Кириленко избра клуб

Најдобриот руски кошаркар Андреј Кириленко само неколку денови по заминувањето од ЦСКА Москва и враќањето во најсилната кошаркарска лига на светот, пронајде нов клуб.

Поранешниот ас на Јута џез во наредните две сезони ќе го носи дресот на Минесота, објавија американските медиуми, а според договорот, ќе инкасира 20 милиони долари.

Кириленко минатата сезона, поради локаутот, почна во редовите на „армејците“ и таму се задржа до крајот на натпреварувачката кампања, освојувајќи ја со ЦСКА Москва шампионската титула на Русија. И покрај најавите за негово можно останување во татковината, сепак, одлучи повторно да се обиде во најсилната можна конкуренција.

Тој не е единствениот Русин кој наредната сезона ќе биде член на Минесота. Само неколку денови пред него во Минеаполис стигна неговиот довчерашен соиграч и репрезентативен колега Алексеј Швед.

Најнови вести