Корисничко име Лозинка Пријави се
04.2.2015

Манчини одлучи: Без Подолски во Лигата на Европа

Роберто Манчини, тренерот на Милан, го објави списокот на играчи со коишто ќе игра во продолжението на второто по квалитет европско натпреварување – Лигата на Европа.

На списокот кој е испратен во европската куќа на фудбалот нема да бидат Лукаш Подолски, новиот играч од Арсенал, и недисциплираниот Пабло Освалдо.
Тренерот на „нераѕурите“ се одлучи за Давиде Сантон, кој имаше специјално право за настап како играч кој ги поминал сите млади селекции на Интер, а Шаќири, швајцарскиот репрезентативец и поранешен играч на Баерн од Минхен, доби предност во однос на Подолски.
Пабло Освалдо е исфрлен од тимот што ќе го продолжи натпреварувањето во Лигата на Европа поради судирот со Икарди.
„Нераѕурите“ во нокаут-фазата на Лигата на Европа ќе се сретнат со Селтик од Глазгов. Првиот натпревар на програмата е на 19-ти февруари, а реваншот се игра на 26-ти февруари.

Најнови вести