Корисничко име Лозинка Пријави се
26.1.2015

Ѓорѓевиќ ја скрши ногата

Филип Ѓорѓевиќ, фудбалскиот репрезентативец на Србија и напаѓач на Лацио, ќе паузира најмалку три месеци, откако на натпреварот против Милан ја скрши ногата.

Лацио во саботата го победи Милан со 3-1, а Ѓорѓевиќ тешко се повреди во 81-вата минута од средбата, по што мораше да го напушти теренот.
Клубот од Рим соопшти дека на српскиот напаѓач во болница му било констатирано фрактура на глуждот на десната нога и дека утре ќе мора да му биде извршена операција.
Ѓорѓевиќ во досегашниот дел од сезоната постигна осум голови за Лацио.
Поради повредата, тој ќе го пропушти квалификацискиот натпревар за Европското првенство, кој Србија ќе го игра на крајот на март против Португалија.
За српската репрезентација настапи 14 пати и се запиша во листата на стрелците.

Најнови вести