Корисничко име Лозинка Пријави се
19.1.2015

Нов пех за Дортмунд, повредени Кел и Гроскројц

Германскиот фудбалски клуб Борусија од Дортмунд соопшти дека на последниот ден од подготовките во Шпанија се повредиле капитенот Себастијан Кел и Кевин Гроскројц.

Гроскројц ги оштетил лигаментите на глуждот и ќе отсуствува една седмица, додека сè уште не е познато колку долго ќе отсуствува Кел, кој го повредил рамото.
Дортмунд има многу лоша полусезона во Бундеслигата и моментно се наоѓа на 17-тото место на табелата.
Екипата на Јирген Клоп нема среќа со повредите на играчите, а надвор од редовите се: Марко Ројс, Илкај Гундоган, Јакуб Блашчиковски, Сократис Папастатопулос, Нури Шахин и Марсел Шмелцер.
Бундеслигата продолжува на 30-ти јануари, кога Борусија Дортмунд гостува кај Баер Леверкузен, а „милионерите“ следниот месец ќе ги одмерат силите со Јувентус во осминафиналето на Лигата на шампионите.

Најнови вести