15.1.2015 Запата ќе паузира поради фрактура на стапалото
Кристијан Запата, дефанзивниот играч на Милан, ќе паузира неколку седмици поради фрактура на метатарзалната коска на десното стапало, соопшти италијанскиот клуб.
Колумбискиот интернационалец се повреди во завршната минута од победата на Милан со 2-1 над Сасуоло, во осминафиналето на Купот на Италија во вторникот.
„Запата во последните минути од натпреварот се здоби со фрактура на метатарзалната коска на десното стапало“, соопшти Милан.
Милан моментно е шести во Серија А, со 17 бодови зад водечкиот Јувентус.