Корисничко име Лозинка Пријави се
16.9.2014

Милан две седмици без Лопез

Диего Лопез, голманот на Милан, ќе паузира две седмици поради повреда на коленото, соопшти италијанскиот клуб.

Лопез ја повреди тетивата на десното колено на натпреварот од второто коло на Серија А против Парма, кој неговиот тим во гости го доби со 5-4.
„За неколку седмици нему ќе му бидат извршени нови прегледи. Покрај Лопез, проблем со препоните на десната нога има и Алекс“, соопштија „росонерите“.
Лопез во Милан дојде ова лето од Реал Мадрид, а пред тоа бранеше на голот на Алкоркон, Вилјареал и Севилја.

Најнови вести