Корисничко име Лозинка Пријави се
08.8.2014

Германските играчи на Арсенал нема да настапат на Комјунити шилд

Германците Месут Озил, Пер Мертесакер и Лукаш Подолски ќе го пропуштат натпреварот на Комјунити шилд меѓу својот Арсенал и Манчестер сити во недела.

Арсен Венгер, менаџерот на „топчиите“, изјави дека тројцата Германци добиле подолг одмор по освојувањето на Светското првенство во Бразил и дека допрва треба да се вратат на тренинзите.
Покрај тоа што нема да играат во недела на „Вембли“, германското трио ќе го пропушти отворањето на новата сезона во Премиер лигата, со Кристал палас на 16-ти август.
„Ситуацијата не е идеална, но финалето на Светското првенство беше на 13-ти јули, а потоа изгубија неколку денови на прославата. Играа седум натпревари на Светското првенство, и тоа по комплетната сезона во Англија, а знаејќи дека играчите коишто ќе го освојат Мундијалот тешко дека брзо ќе се вратат и ќе бидат гладни за победа од самиот старт на сезоната, не сметам на нив за првите два натпревари“, изјави Венгер.
Озил, Мертесакер и Подолски во понеделник би требало да почнат со тренинзи за новата сезона со Арсенал.

Најнови вести