Корисничко име Лозинка Пријави се
03.7.2014

ФИФА ја разгледува можноста за четврта измена во продолженијата

Меѓународната фудбалска федерација ја разгледува можноста за воведување четврта измена на следниот Мундијал, но само во продолженијата.

Жерар Улие, членот на Техничката студиска група на ФИФА и поранешен селектор на Франција, изјави дека се работи за добра идеја, која би било добро да се усвои.
„Тоа е добра идеја која би се применувала само во продолженијата и, секако, би била корисна во случај на повреда на играчите“, изјави Улие.
Тој изјави дека четвртата измена многу би им помогнала на играчите коишто инаку се мачат со грчеви во мускулите во натпреварите со висок интензитет.
Правилата на ФИФА сега дозволуваат само три измени во текот на натпреварот и евентуалните продолженија.
Улие нагласи дека на овој Мундијал резервните играчи донеле свежина.
На Мундијалот резервните фудбалери досега постигнаа 29 голови.

Најнови вести