06.4.2017 Македонија направи скок од 33 места, сега е 133-та
По двете победи над Лихтенштајн и над Белорусија, македонската репрезентација направи голем скок од 33 места на најновата ранг-листа на ФИФА и сега се наоѓа на 133-тата позиција.
По двата позитивни резултати во март, македонските репрезентативци забележаа голем скок на најновата ранг-листа на ФИФА.
Со победите над Лихтенштајн и над Белорусија, „црвено-жолтите“ се искачија дури за 33 места, најмногу на една селекција во овој месец, и сега се наоѓаат на 133-тата позиција.
Овој месец има промени и во врвот на листата, Бразил по пауза од седум години сега е прв на ранг-листата на ФИФА, а од челната позиција се симна неговиот лут ривал Аргентина.