11.8.2011 Ворм нов голман на Свонси
Холандскиот голман Михел Ворм го напушти Утрехт и потпиша тригодишен договор со новиот премиерлигаш Свонси, јавија денес англиските медиуми.
„Разговарав со
пријателите и сите, почнувајќи од Де Јонг, Ван дер Варт, Ван Перси и Ван
Нистелрој ми кажаа дека Премиер лигата е одлична средина за секој фудбалер, Се
работи за најголемото натпреварување на светот кое може да отвори многу
можности за мене“, одушевен е Ворм од својот нов ангажман, по што додаде дека
на клубот кој минатата сезона за првпат обезбеди елитен статус му претстои
интересна и тешка сезона.
Висината на
трансферот на вториот голман на холандската репрезентација е 1,5 милиони фунти,
а 27 годишниот Ворм досега го бранеше голот на Утрехт и Ден Бош.