Корисничко име Лозинка Пријави се
26.3.2014

Хари Кјуел ја завршува кариерата

Австралиецот Хари Кјуел, поранешниот фудбалер на Ливерпул и досегашен член на Мелбурн харт, на својот профил на „Твитер“ објави дека ја завршува кариерата.

Триесет и петгодишниот напаѓач поради повреда нема играно од октомври 2013 година.
Кјуел играше за Ливерпул од 2003 до 2008 година и со тимот ја освои Лигата на шампионите во 2005, како и ФА купот во 2006 година.
Австралискиот фудбалер во кариерата ги бранеше боите на Лидс, Галатасарај и Ал-Гарафа, а за националниот тим на Австралија играше од 1996 до 2012 година и на 56 натпревари постигна 17 голови.

Најнови вести