Корисничко име Лозинка Пријави се
23.1.2015

Сензација во Мелбурн: Федерер елиминиран од Сепи

Во третото коло на Отвореното првенство на Австралија се случи големо изненадување во борбата за осминафиналето, Роже Федерер беше елиминиран од страна на Андреас Сепи со 1-3 во сетови (4-6, 6-7, 6-4, 6-7).

Во досегашните дуели со Сепи, Федерер имаше скор од 10-0, но во овој меч Италијанецот ги искористи сите грешки што ги направи швајцарскиот тенисер и успеа да се пласира во осминафиналето.
„По неколку години пауза, повторно играв на централниот терен во Мелбурн и настојував само да уживам во амбиентот, да го играм својот најдобар тенис“, изјави Сепи по победата.
Од останатите средби, во осминафиналето се пласира и Енди Мареј, кој рутински славеше над Португалецот Соуса со 3-0 во сетови, а Бердих го совлада Виктор Троицки со 3-0. Најинтересен беше дуелот меѓу Димитров и Багдатис, во кој Бугаринот од заостанување со 1-2 во сетови, на крајот победи со 3-2.

Најнови вести