Корисничко име Лозинка Пријави се
31.3.2015

Пријателско реми на Македонија против Австралија

Пријателскиот натпревар меѓу македонската фудбалска репрезентација и Австралија, кој синоќа се одигра на арената „Филип Втори“ во Скопје, заврши нерешено 0-0.

По слабото издание на нашите репрезентативци на натпреварот против Белорусија во петокот, селекторот Бошко Ѓуровски направи неколку промени во составот и на синоќешната средба настапија Дарко Велковски, Душко Трајчевски и Марјан Радевски, кој се повреди и предвреме го напушти теренот.
Австралија играше подобро и имаше две добри шанси кои не ги искористија Нејтан Барнс и Џејмс Троизи, додека нашата екипа повеќе беше фокусирана на одбраната на својот гол и не успеа да создаде добра шанса за гол.
Ремито против азискиот шампион може да се смета за успех на македонската репрезентација поради тоа што противникот е подобро рангиран на листата на ФИФА, како и поради неодамнешното реми од 2-2 што го забележа Австралија против светскиот шампион Германија во Кајзерслаутерн.

Најнови вести