16.1.2014 Росицки со скршен нос ќе го пропушти Фулам
Томаш Росицки, фудбалерот за врска на Арсенал, го скрши носот и веројатно ќе го пропушти саботниот домашен натпревар против Фулам во 22-рото коло на Премиер лигата.
Чехот во дуелот против Астон вила во понеделникот со лакотот во глава беше удрен од Габриел Агбонлахор, а прегледите покажаа дека е скршена коската во носот. За закрепнување ќе му требаат уште неколку дена и за очекување е дека во сабота нема да му биде на располагање на тренерот Арсен Венгер.
Триесет и тригодишниот Росицки оваа сезона настапи на 13 натпревари во Премиер лигата и на пет во Лигата на шампионите.