Корисничко име Лозинка Пријави се
23.10.2013

Постекоглу прв Австралиец на клупата на „кенгурите“ по 40 години

Австралиската фудбалска асоцијација го избра Ангелос Постекоглу за нов селектор, на местото на Германецот Холгер Осиек, кој минатата недела доби отказ.

Постекоглу е прв Австралиец по 40 години кој ќе го води националниот тим.
Тој потпиша петгодишен договор, што значи дека ќе ја води репрезентацијата на Мундијалот во Бразил 2014, на Азискиот куп 2015 и во квалификациите за Светското првенство во Русија 2018 година.
Претходниот селектор Осиек доби отказ по првиот дебакл на тимот во пријателскиот натпревар против Франција од 6-0 во петокот, втор ист резултат по 6-0 против Бразил претходно овој месец.
Австралија се пласира на Светското првенство во Бразил како втора во групата Б на Азиската зона, зад Јапонија.

Најнови вести