Корисничко име Лозинка Пријави се
01.7.2013

Перота ја заврши играчката кариера

Симоне Перота, поранешниот италијански репрезентативец и член на Рома, соопшти дека ја заврши играчката кариера.

„Нема да продолжам да играм, не можам да се замислам во дресот на некој клуб, а тоа да не е Рома. Чувствувам дека ја донесов вистинската одлука“, изјави Перота за италијанските медиуми.
Тој ја најави можноста да остане во Рома како тренер.
„Многу е можно мојата приказна во овој клуб да продолжи во друга улога. Клубот има јасни планови, ќе доведе засилувања во летниот преоден рок, а го ангажира и тренерот Руди Гарсија, кој знае како се освојуваат трофеи“, додаде Перота.
Фудбалерот на Рома истакна и дека му е жал што во последниот натпревар од кариерата изгуби од градскиот ривал Лацио во финалето на Купот на Италија минатата сезона.
„Веројатно до крајот на животот нема да го заборавам финалниот натпревар. Тоа не е најдобар начин да се заврши кариерата“, изјави Перота.
Перота во Рома дојде во 2004 година од Киево, а во дресот на „волчицата“ одигра 326 натпревари и постигна 49 голови.
Тој за селекцијата на Италија настапи 47 пати и постигна два погодоци, а со „аѕурите“ во 2006 година ја освои светската шампионска титула.

Најнови вести