Корисничко име Лозинка Пријави се
09.5.2013

Дракслер останува во Шалке до 2018 година

Јулијан Дракслер, фудбалерот на Шалке и репрезентативец на Германија, денес го продолжи договорот со клубот до летото 2018 година.

Претходниот договор на Дракслер со клубот од Гелзенкирхен му истекуваше во јуни 2016 година, а за него интерес покажаа Јувентус,Реал Мадрид и Борусија Дортмунд.
„Не постојат услови под кои би играл за Борусија Дортмунд во следната сезона. Мора да ми биде испран мозокот за да направам такво нешто“, неодамна изјави Дракслер за германските медиуми.
Овој фудбалер од средината на теренот има 19 години, а за националниот тим на Германија досега има одиграно четири натпревари.
Во сезоната што изминува Дракслер одигра 29 натпревари во националниот шампионат и постигна девет голови.

Најнови вести