Корисничко име Лозинка Пријави се
14.2.2013

Баерн без Пизаро и Мартинес против Волфсбург

Фудбалерите на Баерн Минхен ќе бидат ослабени за Хави Мартинес и Клаудио Пизаро на утрешното гостување кај Волфсбург, во првиот натпревар од 22-то коло на германското првенство.

Шпанскиот играч за врска го повреди палецот на ногата, додека Пизаро е болен и прима антибиотици. И на двајцата им е во прашање настапот и во првиот натпревар од осминафиналето на Лигата на шампионите против Арсенал, кој на распоредот е следната седмица.
Но и без двајцата споменати фудбалери Баерн не би требало да има проблеми против „волците“. На врвот табелата на Бундеслигата пред Борусија Дортмунд има предност од 15 бодови, додека од 12-пласираниот Волфсбург има дури 28 бодови повеќе.

Најнови вести