Корисничко име Лозинка Пријави се
12.2.2013

Арсенал го испрати Сантос на заем во Гремио

Андре Сантос, 29-годишниот фудбалер на Арсенал, е испратен на заем во бразилскиот прволигаш Гремио до крајот на сезоната, потврди клубот од Лондон.

Бразилецот во Арсенал дојде летото 2011 година од Фенербахче, но никогаш не успеа да му се наметне на Арсен Венгер, менаџерот на Арсенал. По повредата на Киран Гибс, „топчиите“ на крајот на преодниот рок го доведоа Начо Монреал од Малага, покажувајќи му со тоа на Сантос дека не сметаат сериозно на него на позицијата лев страничен играч.
На крајот тоа резултираше со привремено заминување на некогашниот бразилски репрезентативец во Гремио. Сантос досега во родната земја веќе има играно за: Фигуиренсе, Фламенго, Атлетико Минеиро и Коринтијанс.

Најнови вести