Корисничко име Лозинка Пријави се
09.1.2013

Доживотни суспензии за корејски фудбалери

Светската фудбалска федерација доживотно суспендира 41 јужнокорејски фудбалер заради местење на натпревари.

ФИФА одлучи на 21 фудбалер, кои признаа вмешаност во корупција, да им пружи шанса да се вратат во фудбалот, но под услов да поминат пробен период од две до пет години, вклучувајќи и општествено корисна работа со времетраење од 200 до 500 часови.
Јужнокорејски фудбалери и тренери, повеќе од 50, учествувале во 2011 година во местење на резултати од натпреварите од К-лигата, најсилно по ранг фудбалско натпреварување во Јужна Кореја. Пред ФИФА, за 41 фудбалер доживотни суспензии изрекла и самата К-лига, како и Јужнокорејската фудбалска асоцијација.
Одлуката за евентуален прекин на суспензијата ќе ја донесе Јужнокорејската фудбалска асоцијација.

Најнови вести