Корисничко име Лозинка Пријави се
21.12.2012

Меирелеш казнет со 11 натпревари

Португалскиот репрезентативец е казнет со неиграње на 11 натпревари за Фенербахче откако на големото дерби на турскиот фудбал го плукнал судијата.

Галатасарај во вечното дерби минатиот викенд го победи Фенербахче со 2-1, а Раул Меирелеш направи неспортски потег поради кој е драстично казнет. Португалецот кој ги брани боите на Фенербахче го плукнал главниот судија непосредно пред да го добие својот втор жолт картон.
 Меирелеш веднаш по мечот реагираше дека не го плукнал судијата, но по разгледувањето на инцидентот кој бил снимен од ТВ камерите, Фудбалската федерација на Турција го казни со суспензија на 11 натпревари.
Очекуваната казна беше максимални седум натпревари, но Меирелеш ќе послужи како пример на другите фудбалери кои ќе сакаат на ист начин да се расправаат со судиите.
Сезонава Меирелеш има одиграно десет натпревари за Фенербахче.

Најнови вести