Корисничко име Лозинка Пријави се
15.10.2015

Мурињо суспендиран на еден натпревар

Менаџерот на Челзи, Жозе Мурињо, нема да може да го води својот тим на еден натпревар во Премиер лигата поради коментарите за судењето по поразот од Саутхемптон (1-3) во осмото коло, соопшти Фудбалската асоцијација на Англија.

Португалскиот стручњак е казнет и парично со 50.000 фунти.  Мурињо беше обвинет за неспортско однесување затоа што на прес конференцијата по натпреварот на „Стемфорд бриџ“ на 3-ти октомври наведе дека „судијата се плашел да донесе одлука во корист на неговиот тим“.
Тој нема да може да ја води екипата на Челзи на натпреварот од деветтото коло од Премиер лигата против Астон вила во сабота.
Актуелниот шампион во моментов е на 16-тата позиција на табелата со десет бодови заостанување зад водечкиот Манчестер сити.

Најнови вести