Корисничко име Лозинка Пријави се
02.11.2012

Петерс нов тренер на Гент

Боб Петерс е именуван за нов тренер на Гент, каде и ја почна својата тренерска кариера, а доаѓа на местото на Тронд Солид.

Белгискиот стручњак беше без работа само четири дена откако доби отказ во Серкл Бриж, за чие испразнето тренерско место конкурираат Де Бек и Демол.
Петерс минатата сабота доби отказ во Серкл Бриж со кој освои само четири бода по девет кола, но многу брзо најде нов ангажман. Се врати во Гент каде ја почна кариерата и од каде пред две години замина во Серкл Бриж.
Петерс во Гент се издвои како еден од најталентираните белгиски фудбалски стручњаци. На клупата на Гент ќе го замени Норвежанецот Тронд Солид кој доби отказ пред неколку дена по дебаклот на Гент во Брисел против Андерлехт (0-5).
Во исто време и Серкл Бриж бара нов човек на клупата. Екипата против Стандард ја водеше помошникот на Петерс, Лоренцо Сталенс, а за местото прв тренер се спомнуваат две имиња: Глен Де Бек и Стефан Демол.

Најнови вести