Корисничко име Лозинка Пријави се
23.6.2011

Крис Хотон го презема Бирмингам

Новиот англиски второлигаш, Бирмингам, објави дека најде замена за Алекс Меклиш, тренерот кој им премина во Астон вила.

Нов договор, без детали околу неговото времетраење, со новиот член на Чемпионшип лигата потпиша 52-годишниот Крис Хотон, кој во борбата за тренерското место го победи Италијанецот Роберто ди Матео.

Хотон, роден во Лондон, тринаесет години го носеше дресот на Тотенхем, но играше и за ирската репрезентација, немаше работа од декември минатата година, кога доби отказ во Њукасл, кој предминатата сезона од Чемпионшип лигата го воведе во Премиер лигата.

Најнови вести