10.8.2012 САД го презема водството во Лондон
Спортистите на САД по тринаесет дена на Олимписките игри во Лондон го преземаа водството од Кинезите со освоени вкупно 90 медали.
Американците освоија 39 златни медали, 25 сребрени и 26 бронзени. Второпласираните Кинези имаат 80 медали – 37 златни, 24 сребрени и 19 бронзени.
Домаќинот, Велика Британија, е на трето место со 52 медали (25, 13, 14), а Русија си го подобри пласманот и ја потисна Јужна Кореја и сега е четврта со 56 медали – 12 златни, 21 сребрени и 23 бронзени.
По 13 натпреварувачки дена во Лондон, 80 држави освоија барем по еден медал.