19.6.2012 Џонсон и Нелсен во Квинс парк ренџерс
Англискиот премиерлигаш Квинс парк ренџерс објави дека потпишал договор со двајца играчи, напаѓачот Ендрју Џонсон и стоперот Рајан Нелсен.
Џонсон потпиша договор на две години, а Нелсен на една.
Џонсон има 31 година и претходните четири сезони ги помина во Фулам, со кого го раскина договорот на крајот на сезоната. Тој за репрезентацијата на Англија одигра осум натпревари.
Нелсен, кој е капитен на Нов Зеланд, со години настапуваше за Блекбурн, а минатата полусезона ја играше во Тотенхем.
Квинс парк ренџерс минатата сезона во Премиер лигата заврши на 17-тото место, со што обезбеди опстанок.