Корисничко име Лозинка Пријави се
13.6.2011

Алекс Меклиш го напушти Бирмингам

Алекс Меклиш, 52-годишниот шкотски фудбалски експерт, одлучи да ја напушти менаџерската клупа на Бирмингам, со кого оваа сезона испадна во Чемпионшип лигата, втората англиска лига.

Во минатата сезона во Бирмингам имаа и убави моменти, односно го освоија Карлинг купот, и тоа со победа над Арсенал од 2-1. Сепак, многу лошата форма и резултати во завршниот дел од сезоната ги турнаа кон испаѓање.

Меклиш по сето ова одлучи да го напушти клубот и очигледно е дека не сака да се впушти во второлигашка борба со Бирмингам. Многу извори велат дека заминувањето е тесно поврзано со преговорите коишто моментно ги води со Астон вила.

Најнови вести