05.6.2012 Роналдињо ја продолжува кариерата во Атлетико Минеиро
До крајот на сезоната бразилскиот напаѓач Роналдињо, некогаш најдобар фудбалер на планетава, ќе игра за клубот од Бело Хоризонте - Атлетико Минеиро.
Оваа вест ја објавија бразилските медиуми, кои откриваат дека Роналдињо ја прифатил понудата која претседателот на клубот Алешандре Калил му ја дал на неговиот брат и менаџер Роберто Асис.
Минатата недела Роналдињо по судски пат се избори за раскинување на договорот со Фламенго, а тврди и дека екипата од Рио де Жанеиро му должи дури 15,5 милиони евра.
Од Фалменго на ова веднаш жестоко одговорија, а заменик-претседателот Пауло Сесар Кутињо додаде дека Роналдињо ништо не дал за Фламенго откако пред година и пол пристигна од Милан.