Корисничко име Лозинка Пријави се
07.5.2012

Фернандес потпиша за ЦСКА Москва

Марио Фернандес го комплетира трансферот од екипата на Гремио во руската ЦСКА Москва.

Дваесет и едногодишниот десен бек, кој подолг период беше поврзуван со Реал Мадрид, замина во Москва, каде што потпиша петгодишен договор, а ЦСКА за него плати петнаесет милиони евра.
„Среќен сум поради укажаниот нов предизвик во мојата кариера и се надевам дека тука ќе освојам многу нешта. Знам дека се работи за голем клуб и тим кој секогаш го интересираат само титули“, рече Фернандес и додаде:
„Благодарен сум на Гремио за сè што стори за мене, клубот секогаш ќе има посебно место во моето срце“.

Најнови вести