Корисничко име Лозинка Пријави се
10.4.2012

Одом го напушти Далас

Одисејата на Ламар Одом во Тексас, сепак, е завршена пред крајот на сезоната откако го напушти тимот на Далас.

Од доаѓањето во редовите на актуелниот шампион Одом имаше проблеми со формата, а дури еднаш беше испратен и во НБДЛ-лигата.
Меѓутоа, тој успеа да се врати во првиот тим, дури и да ја поправи статистиката, но тоа, очигледно, не успеа да го задоволи ниту клубот ниту него.
„Далас и јас се договоривме дека во најдобар интерес на двете страни е да се разделиме. Жалам што не функционираше онака како што сакавме“, рече Одом.
Клубот нема да го отпушти овој играч, туку ќе го стави на листата на неактивни играчи и по завршувањето на сезоната би можело да го размени.
Екипата чиј член за наредната сезона ќе биде Одом ќе мора да го откупи за сума од 2,4 милиони долари.
Тој оваа сезона просечно постигнуваше 6,6 поени со 4,2 скока по натпревар, статистика која е за половина послаба од онаа што ја имаше дотогаш.

Најнови вести