16.12.2011 Гасол останува во Мемфис
Марк Гасол, центарот на Мемфис, го продолжи договорот со тимот на уште четири години.
Според новиот договор, Шпанецот од овие четири сезони на својата сметка ќе инкасира 57,7 милиони долари. Мемфис минатата сезона стигна до полуфиналето на Западната конференција, каде што беше елиминиран од шампионот Далас, а Шпанецот имаше една од најважните улоги во тимот.
Гасол во досегашните три сезони во НБА-лигата во просек имаше 12,6 поени и 7,8 скокови по натпревар.