Корисничко име Лозинка Пријави се
21.3.2012

Крај на сезоната за О’Нил

Бостон ќе биде ослабен во продолжението на сезоната бидејќи нема да може да смета на центарот Џермејн О’Нил.

О’Нил, кој шест пати досега настапил на Олстар-натпреварот, мораше да замине на операција на зглобот на левата рака.
Кошаркарот кој најуспешните денови ги мина во дресот на Индијана имаше огромни проблеми со повредите во текот на претходните сезони, а состојбата се влоши минатиот месец, по падот на натпреварот против Далас.
„Џермејн напорно работеше за новата сезона да ја дочека подготвен, но ја играше со болки и помогна најмногу што можеше. Цениме сè што стори за екипата во претходните две години, како и во оваа“, изјави Дени Ејнџ, спортскиот директор на Бостон.
Џермејн О’Нил во лигата дојде во 1996 година, кога Портланд го одбра како 17-ти пик на драфтот, но најдобрите денови ги мина во Индијана. За осум години минати во дресот на тимот од Индијанаполис стартер не бил само кога бил повреден, а во шест сезони по ред имаше просек од 19 поени, 8,8 скокови и 2 блокади по натпревар.

Најнови вести