Корисничко име Лозинка Пријави се
12.5.2016

Вориорси во финалето на Западот, Торонто на победа до Истокот

Голден стеј вориорс се изборија за второто по ред финале на Западот, додека Торонто е на чекор од финалната серија на Истокот во НБА плеј-офот.

Вориорс го совладаа Портланд со 125:121 и со 4-1 се изборија за пласман во финалната серија во својата конференција.
Блескаше тандемот на Вориорс, Клеј Томпсон постигна 33 поени (13/17 од игра), а Стефен Кари додаде 29 поени и 11 асистенции. 
Дрејмонд Грин ги пратеше во својот ритам со 13 поени, 11 скокови и 6 асистенции, но се здоби со повреда на глуждот во последната четвртина. 
Најдобри во редовите на Портланд беа Демијен Лилард со 28 поени со по 7 скокови и асистенции, по него Си Џеј Макалум со 27 поени, 8 скокови и 5 проигрувања.
Торонто пак го совлада Мајами со 99:91 и поведе со 3-2 во полуфиналната серија на Истокот, каде победникот во финалето го чекаат Кливленд кавалирс.
Блескаше и тандемот на Репторс, Демар Дерозен постигна 34 поени, а Кајл Лаури додаде 29 со 10 скокови и 6 асистенции.
Мајами успеа да ги надомести 20 поени заостанување од првото полувреме, на две минути пред крајот стигна до 88:87, но Дерозен и Лаури во два напада го решија натпреварот.
Двејн Вејд го предводеше Мајами со 20 поени, 7 скокови и 4 асистенции, додека по 13 постигнаа Горан Драгиќ и Џејсон Ричардсон.
Шестиот натпревар ќе се одигра во Мајами во сабота наутро.

Најнови вести