Корисничко име Лозинка Пријави се
15.7.2016

Далас каубојс го престигнаа Реал Мадрид

НФЛ тимот Далас каубојс е највредниот спортски клуб на светот, објави „Форбс“.

Каубојс го симнаа од врвот Реал Мадрид кој до сега беше највредниот спортски клуб во светот.
Вредноста на Далас порасна за 25% и сега изнесува четири милијарди долари, додека вредноста на најтрофејниот фудбалски клуб на Европа во истиот период порасна за 12% и сега изнесува 3,65 милијарди долари.
Меѓу десетте највредни се фудбалските клубови, клубовите од НБА и НФЛ лигата, со исклучок на бејзбол клубот Њујорк кој се наоѓа на четвртото место.
Листата на највредните спортски клубови:
1. Далас каубојс 4 милијарди
2. Реал Мадрид 3,65
3. Барселона 3,55
4. Њујорк јенкис 3,4
5. Манчестер јунајтед 3,32
6. Њу Ингланд пејтриотс 2,8
7. Њујорк никс 3
8. Вашингтон редскинс 2,85
9. Њујорк џајантс 2,8
10. ЛА лејкерс 2,7

Најнови вести