Корисничко име Лозинка Пријави се
08.2.2012

Њујорк остана и без Ентони

Само по неколку дена откако остана без услугите на Амари Стадемаер, Њујорк има нов проблем.

Кармело Ентони, првиот стрелец на тимот, го повреди задниот дел на бутниот мускул на десната нога и ќе паузира во наредните седум до десет дена.
Тој ден кога Стадемаер замина за Флорида, каде што неговиот брат загина, Ентони се повреди во првата четвртина на натпреварот со Јута.
Мело по седум минути игра го напушти теренот во Солт лејк сити поради болки во пределот на задниот дел на бутниот мускул на десната нога, а еден ден подоцна беше потврдено дека без неговите услуги ќе бидат во наредните седум дена.
Ова е огромен хендикеп за Њујорк, со оглед на тоа дека и со двете ѕвезди во тимот тој се мачи да стигне до победата.

Најнови вести