Корисничко име Лозинка Пријави се
20.3.2017

Ѓоковиќ дефинитивно нема да игра во Мајами

Српскиот тенисер Новак Ѓовковиќ дефинитивно нема да ја брани титулата на Мастерс во Мајами поради повреда, соопштија организаторите.

Шесткратниот шампион на турнирот на Флорида, од кои три пати во претходните три години, се повлече поради повреда на лакотот.
„Им се извинувам на моите навивачи и ан сите коишто купиле влезници што нема да ме гледаат во Мајами. За жал, не можам да играм поради повреда“, изјави Ѓоковиќ на неговиот профил на „Твитер“.
Покрај Ѓоковиќ, од тие причини нема да настапи ниту првиот тенисер на светот Енди Мареј.

Најнови вести